Фудбалер на Ливерпул влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ (ВИДЕО)
Тој испиша нова историјата во Премиерлигата со тоа што стана дефанзивец со најмногу асистенции, вкупно 12.
„Ова е навистина голема чест. Секогаш сакам да одам напред и да му помогнам на тимот да искреира шанси за гол. Очигледно е дека другото им преостанува на моите соиграчи да ја сместат топката во мрежата, бидејќи фудбалот е тимска игра и без нив овој рекорд немаше да постои. Ова е неверојатно горд момент за мене и моето семејство и се надевам дека ќе стои уште многу години“, рече Арнолд.