Куртоа прими смешен гол: Дениз го „замрзна“ Сантијаго Бернабеу (ВИДЕО)

Екипата на Клуб Бриж по само девет минути игра го „замрзна“ Сантијаго Бернабеу, откако поведе на гостувањето во Мадрид против Реал со 0-1, во рамки на второто коло во Лигата на шампиони.

Стрелец на погодокот Нигериецот Емануел Денис, но уште поинтересно е дека овој погодок остава многу дилеми. Имено при последното додавање, сите помислија дека Денис е во недозволена позиција, па голманот на „Кралевите“ речиси и се откажа од интервенција, но по прегледување на ВАР снимката се воспостави дека голот е регуларен.

Исто така, Денис се „сплетка“ со топката и воедно го измами Куртоа.