Руските репрезентативци Кокорин и Мамаев излегоа од затвор
Двајцата руски репрезентативци беа осудени поради физички напад на државниот службеник Денис Пак во кафуле во Москва. Двајцата сега се слободни да ја продолжат својата фудбалска кариера.
Според руските медиуми, се очекува Кокорин да се врати во тимот на Зенит и да потпише нов договор, а што се однесува до Мамев, тој чека раскин на договорот со Краснодар. Интерес за Мамаев има од тимот на Крилја Совјетов.