Ванда Нара со една слика најави дека Икарди останува на „Џузепе Меаца“ (ФОТО)
Но, иако се најавуваше преселба на Икарди, сѐ поизвесно е дека Аргентинецот ќе остане во Интер. А, за такво нешто, се погрижи Ванда која со една фотографија го најави останувањето на својот сопруг. Аргентинскиот пар беше на роденденска забава кај сонародникот Лаутаро Мартинез, а таму Ванда се сликаше со сопругите на дел од фудбалерите на „нераѕурите“ и објави.
„Уште една заедничка година“, напиша Ванда, со што сите го протолкуваа тоа како останување на Икарди.
Un nuevo año juntas pic.twitter.com/G28O6mQ2TO
— wan (@wandaicardi27) August 23, 2019
Аргентинецот е во немилост на Интер, но „нераѕурите“ не сакаат без добра заработка да го пуштат. Последен обид за ангажман имаше Наполи, за што и Ванда била расположена, но напаѓачот решил да остане во Интер. Останува да се види дали Антонио Конте ќе го врати во погонот.