Трагедија во Дубровник: Почина млад хрватски репрезентативец во футсал! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Хрватска во футсал за возраст до 19 години, Андро Жарац, загина во сообраќајна несреќа. Трагедијата се случи во Дубровник во ноќта помеѓу недела и понеделник.

Жарац (19) со скутер се враќал од турнир во мал фудбал кога удрил во карпа покрај патот, а се верува дека до несреќата дошло откако мотоциклот му пролизгал. Со него на скутерот била и 18 - годишна девојка, која минала без некои посериозни повреди.

Анто Жарац бил член на тимот на Сквер од Дубровник.