Балотели: Мајка ми плачеше кога и кажав дека ќе играм за Бреша
Роден во Палермо, Балотели се пресели во Бреша на возраст од две години и неговите посвоители живееја таму, додека неговиот татко не почина во 2015 година.
Мајка ми плачеше кога и кажав дека ќе играм за Бреша. Таа беше многу среќна, рече стрелецот на голот при својата презентација.
Дваесет и девет-годишниот напаѓач му се придружи на клубот на слободен трансфер откако неговиот договор со Марсеј истече летово и не беше обновен.
Балолели не игра во Италија веќе три години, а последен пат го носеше дресот на Милан.
Немам страв дека ќе доживеам неуспех. Добро сум и се чувствувам многу смирено, рече тој.
Во својата кариера, Балотели има играно и за екипи како Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Ница.