Трајковски со победа дебитираше во Ла Лига, Стојановски со пораз тргна во Лига 1

Македонските интернационалци Влатко Стојановски и Александар Трајковски дебитираа денеска за нивните тимови во Лига 1, односно Ла Лига.

Трајковски ја почна кариерата во Мајорка со победа од 2-1 против Еибар, а одигра 20 минути за неговиот нов клуб.

Од друга страна, Стојановски одигра 25 минути за Ним, но неговата екипа беше поразена со 1-2 на домашен терен од Ница.

На останатите натпревари Нант одигра 0-0 против Олимпик Марсеј, Амиен го победи Лил со 1-0, Бордо одигра реми (1-1) со Монпелје, Мец го декласираше Монако со 3-0, а Тулуз беше подобар од Дижон (1-0).