Крило со „топ“ во раката: Манасков го има вториот најсилен шут во Веспрем! (ФОТО)

Веспрем не успеа да стане шампион во Лигата на шампиони, откако во финалето подобар од нив беше Вардар, но затоа тие го освоија домашниот шампионат, а во тоа им помогна македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Денеска на официјалната фејсбук-страна на унгарскиот тим беше објавена листа со топ-10 најсилни удари на ракометарите, а Манасков го има второто место, откако минатата сезона испратил шут со брзина од 110 км/ч, а посилен удар од него имал само Момир Илиќ со 111 км/ч.