„Тигарот“ Фалкао ќе се врати во Атлетико Мадрид!
Фалкао е поранешен фудбалер на Атлетко Мадрид, па сега планира да се врати во својот бивш клуб, иако за него интерес има и од Валенсија. Пред шест години Фалкао си замина од Атлетико, но немаше забележителни настапи во премиерлигашките гиганти Челси и Манчестер јунајтед. Во Атлетико, Колумбиецот даде 70 гола на 91 меч, а беше предводни во првиот трофеј во Лига Европа во 2011, а со мадридските црвено-бели го освои и шпанскиот куп, но и Суперкупот.
Беше фудбалер на Порто, од каде дојде во Мадрид (72 гола на 87 меча), а потоа за 60 милиони евра замина во Монако и по една сезона се испроба, но неуспешно во Премиерлигата, по што се врати во малото кнежевство.
Фалкао сезонава имаше лоши настапи и едвај со Монако се спасија од испаѓање, па на една година пред крајот на договорот, посака да си замине,