Борусија Дортмунд не застанува: Следна цел е - Марио Манџукиќ!
Следна цел на „милионерите“ е голгетерот на Јувентус, Марио Манџукиќ, пишува „Билд“. Наводно челниците на Борусија сакаат да го засилат нападот и да му донесат замена на Пако Алкасер.
Искусниот 33-годишен Хрват има искуство во Бундеслигата, бидејќи играше за Баерн Минхен и за Волфсбург. Тој неодамна потпиша нов договор со „Старата дама“, но според италијанските медиуми, клубот нема да го спречува фудбалерот ако сака да си замине.
Изминатава сезона Манџукиќ одигра 33 натпревари, постигна 10 гола и имаше седум асистенции во дресот на италијанскиот шампион.