Парондо: Горд сум на овие момци – одиграа совршено!
Вардар уште на полувреме го прегази хрватскиот првак во „балканското дерби“, играјќи страшна одбрана, дозволувајќи му да даде само шест гола, па уште на половина од мечот буквално на загрпчани им го изгасија светлото.
После убедливата победа, тренерот Роберто Гарсија Парондо посочи дека е горд на неговите ракометари, кои одиграле перфектно.
„Нема што да кажам повеќе од тоа дека им благодарам на играчите. Многу сум горд на нив. Завршивме одлична работа на овој натпревар, а добро се подготвувавме за него, работевме максимално на тренинзите. Сето тоа што беше направено на теренот беше перфектно и совршено“, рече по мечот Парондо.