УЕФА ја менува ждрепката во ЛШ поради гиганти од Манчестер
УЕФА соопшти дека таа одлука ја донела од безбедносни причини. Градските власти од Манчестер не сакаат нивните тимови да ги играат домашните натпревари во исто време или преку еден ден.
Според правилата на УЕФА, ако биде потребно, датумот на натпреварот на „Олд Трафорд“ ќе биде променет, зашто таа екипа минатата сезона беше зад шампионот Манчестер сити.
УЕФА пишува дека истото правило ќе се примени ако двата тима се пласираат и во полуфинале.
Ждрепката за четвртфиналето ќе биде во петок од 12 часот во Нион, а првите натпревари се играат на деветти и десети април, а реваншите седум дена подоцна.