Ферари доминира на подготовките: Леклер најдобар на денешните тестови
Младиот Леклер имаше време од 1:18.247, а тоа беше побавно од вчерашните 1:18.161 на Фетел. Меѓутоа, резултатот покажува дека новиот возач на Ферари ќе биде голема конкуренција на повозрасниот колега во наредната сезона.
Пријатно изненадување беше Лендо Норис од Мекларен, кој заврши втор со време 1:18.553, а во топ 10 завршија и Валтери Ботас и Луис Хамилтон од Мерцедес, кои имаа послаби резултати од нивните ривали.