
ОФИЦИЈАЛНО: Рожерио Мораеш потпиша за Веспрем
Мораеш во Веспрем, каде замина и голманот Арпад Штербик, како и помошникот на Раул Гонзалес, Давид Камара Дејвис доаѓа на лето, откако ќе ја одработи оваа сезона во Скопје.
„Кариоката“ во Веспрем доаѓа на барање на некогашниот помошник на Раул, Давид Дејвис кој одлично ги познава квалитетите на Мораеш. За Бразилецот ова ќе биде трето европско искуство, откако претходно во Вардар дојде од редовите на Кил.
Бразилецот е последното име што заминува од Скопје од шампионскиот тим откако претходно Вардар го напуштија Алекс Душебаев, Лука Циндриќ, Арпад Шетрбик, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Жоан Кањелас, Хорхе Македа.