Нурмагомедов ќе добие жестока казна за хаосот со Мекгрегор во Лас Вегас!
Во изјава за медиумите, таткото на Хабиб случајно откри дека казната ќе биде жестока и дека веќе биле договорена должината на суспензијата и паричнат аказна.
„Не знам на каков начин ќе завши ова. Колку што знам јас, ќе добиеме половина милиони долари казна и Хабиб најверојатно нема да може да се бори девет месеци. Ова никогаш не смееше да се случи, но се надеваме на светла иднина наскоро“, кажа таткото на УФЦ-шампионот во лесна категорија.
Дагестанецот сака да се бори со легендарниот боксер Флојд Мејведер. Хабиб го предизвика американскиот боксер, кој е подготвен да се согласи на понудата за меч, која на двајцата би им донела десетина милиони долари.
Ако навистина биде казнет Нурмагомедов, тогаш борбата со Мејведер ќе биде закажана, а наводно ќе се пресметаат во мај.
Хабиб уште не е поразен во ММА-кариерата. Иако боксот му е слаба страна против ирскиот борец Мекгрегор покажа дека напредува и во тој дел.