Шчесни му нуди совети на Роналдо, како да даде гол од слободен удар (ВИДЕО)
Полјакот призна дека добил совет од Португалецот како да го одбрани ударот на Гонзало Игуаин, па сега му понуди неколку совети за шутирање слободен удар.
Во тренингот на Полска, пред дуелот со Чешка, поранешниот голман на Рома и Арсенал фантастично изведе еден слободен удар, а потоа го објави на социјалните мрежи и испрати порака до Роналдо.
„Му благодарам на Кристијано за помошта при пеналот против Милан. Со задоволство би му дал некои совети за слободни удари“, се пошегува Полјакот.