По десет години пауза: Автомобилите пак ќе „брмчат“ на патеката во Крушево!
Станува збор од натпреварување кое ќе се бодува за шампионатот на Македонија и кое ќе се вози на атрактивната патека село Острилци-Мечкин Камен во должина од 7,2 километри. Враќањето на овој настан во календарот натпревари во оваа категорија ќе донесе дополнителна возбуда кај сите кои за десетина дена ќе бидат во Крушево и тоа во периодот кога традиционално се слави годишнината од Илинденското востание.
За таа цел, организаторот на трката ги кани сите вљубеници во автомото-спортот и во трките во ридски услови да дојдат во Крушево и да бидат дел од овој спектакл.
ФОТО: brzkrug.com