Втора шанса за тенисерите: Надал - Ѓоковиќ во четвртфинале во Барселона!?
Првиот тенисер во светот, Рафаел Надал и неговиот ривал од Србија се наоѓаат во истиот дел од „костурот“, па би можеле да се сретнат во четвртфиналето.
Ѓоковиќ во првото коло ќе биде слободен, додека во второто го очекува победникот од дуелот помеѓу квалификантот и Аргентинецот, Федерико Делбонис.
Потоа во следното коло би можел да игра против Фелисијано Лопез, кој ќе игра претходно против подобриот од средбата Душан Лајовиќ – Педро Мартинез.
Ако стигне до четвртфиналето, Ѓоковиќ би можел да игра против Надал. Шпанецот во првото коло е слободен, додека потоа игра против победникот од дуелот Андреас Хајдер-Мејер – Роберто Буена, а потоа може да се соочи со Кеи Нишкори, кој ќе игра против подобриот од дуелот Сугита и Гарсија Лопез.
Рафаел Надал во Барселона триумфираше десет пати, а беше најдобар и во претходните две години.
Турнирот во Барселона се игра од 23. до 29. април, а наградниот фонд е 2.510.900 евра.
Draw is out in Barcelona, with @RafaelNadal, @DjokerNole and @keinishikori in a stacked top quarter. Who will emerge?
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) April 21, 2018
➡️➡️ https://t.co/l5J2eN5rOH pic.twitter.com/HrEpZp9Gne