Надал доби противник во финалето: Нишикори подобар од Зверев!
Германецот добро го отвори натпревари и изгледаше дека ќе биде патник во финале, откако првиот сет го освои со 6-3, но потоа работите се сменија во корист на Нишикори.
Во вториот сет, Зверев изгуби дури три гема на свој сервис, па Нишикори го освои вториот сет со 3-6. Додека во последниот сет имаше голема борба, но повеќе концентрација во финишот имаше Нишикори, кој ја искористи првата брејк топка на противнички сервис во тој сет и победи со 4-6.