Солзи во соблекувалната на Арсенал: Фудбалерите не можеле да се воздржат по говорот на Венгер
Пред веста да се прошири во јавноста, Французинот прво им ја соопштил својата одлука на фудбалерите во соблекувалната. Според извори на „Тајмс“, емоциите ги совладале ѕвездите и почнале да плачат по говорот што го одржал Венгер. Некои од фудбалерите подолго соработуваат со менаџерот, некои помалку, но сите биле погодени од неговата вест.
Фудбалерите најавиле дека овие последни неколку натпревари од сезоната на сите фронтови ќе ги одиграат во негова чест, а главен приоритет ќе биде освојување на Лигата на Европа.