Македонија ја декласира Финска на стартот на турнирот во Анкара
Ракометарките на Македонија добро го отворија мечот, па првото полувреме го добија со 18-13, додека во вториот дел заиграа уште подобро и стигнаа до 31-24.
Најефикасна во македонскиот тим беше Сара Ристовска со шест голови, додека Емилијана Ризоска постигна пет погодоци.
Македонија утре од 14.30 часот ќе се соочи против Италија.
Фото: РФМ