Шкендија сака да се врати на победите, Силекс се надева на изненадување на Арената!

Шкендија и Силекс денеска ќе ги одмерат силите на Националната арена „Тодор Проески“ во рамките во последниот натпревар од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци за првпат ќе бидат домаќини на Арената и влегуваат во натпреварот со желба да се вратат на победничкиот пат, откако во претходното коло загубија на гостувањето кај Струга (0-1). Шкендија останува меѓу главните кандидати за титулата, но нема простор за губење на нови бодови.

Од другата страна, Силекс се наоѓа во средината на табелата и ќе се обида да го искористат секој момент за да стигнат до позитивен резултат, особено по неколку натпревари на кои покажаа дека можат да бидат незгоден противник.

Претходниот натпревар на овие две екипи заврши со триумф на Шкендија од 2-0 на стартот на сезоната. 

Натпреварот се игра на Националната арена „Тодор Проески“ од 13 часот.

Шкендија се наоѓа на третата позиција во лигата со 27 бодови, односно пет помалку од лидерот Струга, додека Силекс е на шестата позиција со 17 поени.