Неверојатна заработка: Алкараз со триумфот на турнирот во Торино си го наполни и џебот!

Карлос Алкараз со победата над Александер Зверев во финалето го освои својот прв трофеј на завршниот турнир во Торино, а притоа заработи и голема сума на пари.

Алкараз заработи 5,17 милиони долари, сума која го прави неговиот триумф во Торино најплатениот успех во сингл-конкуренција во досегашната кариера.

Наградниот фонд се собираше со секоја победа. Самото учество му донесе 338.000 долари, секој триумф во групната фаза беше вреден по 405.000 долари, победата во полуфиналето носеше 1.206.000 долари, додека за триумфот во финалето доби дополнителни 2.412.000 долари.

Фото: Facebook/Rolex Paris Masters