Мален ја уништи Парма: Постигна четири гола во спектакуларната победа на Рома! (ВИДЕО)

Рома приреди спектакл на гостувањето кај Парма, откако го совлада домашниот тим со убедливи 5-1 во натпревар од Серија А. Херој на римјаните беше Дониел Мален, кој постигна дури четири погодоци.

Гостите ја презедоа предноста во 39. минута, кога холандскиот напаѓач успешно ја заврши акцијата и ја испрати топката во мрежата на Парма. Домашните фудбалери не се предадоа и во 54. минута преку Неста Елфеге стигнаа до израмнување.

Сепак, Мален повторно ја затресе мрежата во 68. минута, а само три минути подоцна Родриго Мора се погрижи за водство од 3-1.

Во 77. минута Мален го постигна својот трет гол и го комплетираше хет-трикот, но тука не застана. Во последната минута од средбата повторно се запиша меѓу стрелците и тоа беше негов четврти погодок.

Рома е втора во Серија А со 30 бодови, односно два помалку од лидерот Лацио.