Победата на ПСЖ падна во сенка на страшната повреда на Дуе (ВИДЕО)

Францускиот гигант ПСЖ славеше против Ница со 3-2 на гостувањето, но победата падна во сенка на повредата на Дезире Дуе кој мораше да биде заменет во 44. минута.

Амура погоди за предност на Ница од 1-0, но потоа Мајулу и Дуе стрелаа за целосен пресврт во рок од две минути. Дуе, сепак, мораше да го напушти теренот во 44. минута кога се здоби со тешка повреда.

Торес во финишот од средбата стрелаше за 3-1, додека Абди во 95. минута ги постави конечните 2-3.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 26 бодови, додека Ница е на шестата позиција со 17 поени.