Македонија го дозна ривалот за опстанок во Лига Б - селекција со која немаме играно 30 години

Македонската фудбалска репрезентација го дозна својот противник во баражот за опстанок во Лигата Б од Лигата на нации, откако денешната ждрепка во Нион ни донесе двомеч со репрезентацијата на Кипар.

Македонија во извлекувањето влезе од групата на носители, заедно со селекциите на Израел, Романија и Грузија, додека покрај Кипар, потенцијални ривали од неносителите беа уште Естонија, Белорусија и Фарски Острови. Бараж-натпреварите се закажани за 25 и 30 март 2027 година. Првиот дуел ќе се одигра на гостински терен, додека одлучувачкиот реванш ќе биде пред домашната публика во Македонија.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди настап во Лигата Б за следното издание на Лигата на нации, додека поразената селекција ќе се пресели во Лигата Ц. Со Македонија досега имаме играно само два натпревари и тоа во далечните 1994 и 1995 година во кои имаме победа со 3-0 и реми со 1-1.

БАРАЖ ЗА Б ДИВИЗИЈА:

Кипар – Македонија

Естонија – Романија

Фарски Острови – Грузија

Белорусија – Израел