Ѕвездата на Наполи е пред заминување - најави неговата сопруга!
Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне би можел да го напушти Наполи по само година и половина, а сè погласни се најавите дека неговата следна животна дестинација би можела да биде враќањето во татковината.
Неговата сопруга зборуваше за семејниот живот во Италија во интервју за белгискиот магазин „НИНА“, откривајќи дека сè почесто разговараат за преселба во Лимбург.
„Секако дека заедно размислуваме за иднината. Сè почесто си велиме дека ќе се преселиме во Лимбург. Колку побрзо се вратиме таму, толку подобро“, порача Лакроа.
Де Брујне во Наполи пристигна во летото 2025 година, по десет години поминати во Манчестер сити. Сепак, неговата сопруга признава дека семејството тешко се приспособува на животот во италијанскиот град, пред сè поради огромното внимание што белгискиот фудбалер го привлекува секојдневно.
„Кевин во Наполи живее многу ограничен живот. Тоа воопшто не му е пријатно. Освен тоа, како семејство не можеме да правиме ништо заедно во градот. Тоа е другата страна на успехот“, објасни таа.
Лакроа направи и споредба со животот во Манчестер, каде што, како што вели, имале многу поголема приватност.
„Во Манчестер беше поинаку. Во местото каде што живеевме, луѓето толку често нè гледаа што веќе не им бевме ништо посебно. Можевме да излеземе од дома, а никој да не нè фотографира. Во Наполи тоа е невозможно“, истакна сопругата на Де Брујне.