Навивач кој го навредуваше Мбапе осуден на 11 месеци затвор!

Навивач на Реал Овиедо е осуден на 11 месеци условна затворска казна поради расистички навреди упатени кон Килијан Мбапе за време на натпревар од шпанската Ла Лига.

Инцидентот се случил во август 2025 година, на дуелот меѓу Реал Овиедо и Реал Мадрид, кој гостите го добија со 3-0. Мбапе на таа средба постигна два гола, но натпреварот остана во сенка на недоличното однесување од трибините.

Навивачот е прогласен за виновен за кривично дело од омраза, а покрај условната затворска казна му е изречена и парична казна.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.