Официјално: Покетино е нов тренер на Манчестер јунајтед!

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино потпиша договор до јуни 2029 година, а ќе го преземе кормилото на Манчестер јунајтед на 18 ноември, иако претходно имаше најави дека уште денеска би можел да седне на тренерското столче.

„Црвените ѓаволи“ претходно го отпуштија Мајкл Керик по катастрофалните резултати на стартот на сезоната, поради што тимот се најде на 18. место во Премиер лигата.

Покетино доаѓа на „Олд Трафорд“ од селекторската позиција во САД, а првиот голем предизвик на кормилото на премиерлигашот ќе му биде пресметката против Ливерпул на 22 ноември.

За 54-годишниот Аргентинец ова е враќање во Англија, откако претходно ги тренираше Саутемптон, Тотнем и Челси.

Фото: Facebook/U.S. Soccer