Де ла Фуенте го крена гласот поради Јамал
Де ла Фуенте објасни дека отсуството на Јамал е исклучиво од медицински причини. По последниот натпревар, крилниот напаѓач почувствувал проблеми со коленото, а дополнителните прегледи покажале воспаление и присуство на течност. Поради тоа, стручниот штаб одлучил фудбалерот да остане во Барселона, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата и подготовките под надзор на клупскиот медицински тим.
„Најмногу ме погодуваат лагите, недостигот од вистина и измислиците. Не поднесувам луѓе кои се обидуваат да измамат и да лажат. Да зборуваш без да ги знаеш фактите е најтажно и најжалосно“, порача Де ла Фуенте, очигледно изнервиран од приказните дека Јамал намерно избегнува настап за репрезентацијата.
Селекторот посебно нагласи дека фудбалерот на Барселона не ужива привилегии во шпанската селекција и дека идентично би постапил со кој било друг репрезентативец во слична ситуација.
„Тој нема никакви привилегии. Истото ќе го направевме со кој било друг фудбалер. Сите во соблекувалната го знаат тоа и нема никаков проблем“, додаде шпанскиот стратег.
Де ла Фуенте откри и дека во изминатите два дена разговарал со Јамал, чија состојба се подобрува. Според неговите очекувања, младиот ас би требало да му се приклучи на националниот тим во петок, доколку закрепнувањето продолжи според планот.
Шпанија во четврток ја очекува гостување кај Чешка, а потоа и дуелот со Англија. Покрај Јамал, на располагање на селекторот нема да му биде ниту Микел Ојарзабал, a отсуствуваат и Родри и Дани Олмо.