Подмладената Македонија немоќна против Романија на стартот на претквалификациите за ЕП 2029
Подмладената македонска селекција имаше лош почеток на натпреварот и постигна само четири поени во првата четвртина (4-21).
Романија ја контролираше играта и во продолжение од првото полувреме, а на паузата замина со убедливи 45-19.
Македонија заигра подобро дури во третата четвртина, каде што успеа да намали на 39-55, но Романија во завршниот период повторно доминираше на паркетот и оствари триумф од 73-52.
Кати Арману беше најефикасна во победничкиот тим со 15 поени, еден скок и две асистенции, додека Цветанка Димова постигна 11 поени, шест скокови и три асистенции.