Поранешен тренер на Челси и Тотнем го презема кормилото на Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Манчестер јунајтед добива нов тренер за продолжение од сезоната, а тоа е Маурисио Покетино, откако Мајкл Керик разочара со резултатите на кормилото на премиерлигашот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Јунајтед постигнал вербален договор во принцип со Покетино за преземање на тренерската функција.

За реализација на соработката, клубот ќе треба да ја активира откупната клаузула во договорот на Аргентинецот со репрезентацијата на САД, која изнесува околу 10 милиони долари.

Покетинот досега во кариерата ги тренираше Тотнем, Челси, Саутемптон , Еспањол и ПСЖ.

Фото: Facebook/Manchester United