Ендрик не е сигурен во својата иднина во Реал: Ќе видиме што ќе се случи...

Младиот бразилски напаѓач Ендрик не ја исклучува можноста во јануарскиот преоден рок да го напушти Реал Мадрид, откако оваа сезона добива многу мала минутажа.

Бразилецот зборуваше за својата иднина на прес-конференцијата на репрезентацијата во Сингапур, каде што „кариоките“ се подготвуваат за пријателските натпревари.

„Не знам што ќе се случи во јануари. Тоа е во Божји раце“, изјави Ендрик

Младиот напаѓач признава дека во конкуренција со Килијан Мбапе тешко доаѓа до место во нападот на мадридскиот гигант. Французинот го опиша како еден од најдобрите фудбалери во светот, а поради малата минутажа и повредата, сезонава има собрано само 141 минута на седум натпревари.

„Сè уште сум многу млад. Само сакам да играм, да бидам среќен, да им помагам на соиграчите, да постигнувам голови и да асистирам“, порача Бразилецот.

Сепак, Ендрик нагласи дека не е незадоволен во Мадрид и дека евентуалната одлука за заминување нема да ја донесе без добро да размисли. Тој упати и пофални зборови за тренерот Жозе Мурињо.

„Мурињо е човек во кого имам голема доверба. Секој ден ме прашува како сум, и тоа не само за фудбалот. За Реал ќе дадам сè од себе, а со поддршката од Мурињо и повеќе од тоа“, истакна Ендрик.

Минатата сезона, исто така поради ограничената минутажа, Бразилецот беше испратен на позајмица во Лион. За францускиот клуб одигра 21 натпревар, на кои постигна осум голови и забележа исто толку асистенции.