Касано удри по Алегри: Продолжува да прави глупости, ќе заврши во Фиорентина!

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано предизвика реакции со своите изјави, овојпат упатувајќи жестоки критики кон тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри.

Касано смета дека времето на Алегри одамна поминало и дека италијанскиот стратег повеќе не е способен да бележи успеси. Тој не штедеше зборови за неговата работа, посочувајќи ја и бодовната разлика меѓу Наполи и Лацио, особено ако се земат предвид финансиските можности и буџетите за плати на двата клуба.

„Алегри продолжува да прави глупости, но никој ништо не му кажува и никој не го отпушта. Зборува работи што немаат никаква логика и воопшто не го води тимот како што треба. Скандалозно е да се види бодовната разлика меѓу Лацио и Наполи, особено кога ќе се споредат буџетите за плати на двата клуба. Според мене, неговото време помина уште пред седум-осум години. Тој повеќе не победува“, изјави Касано.

Но, поранешниот фудбалер не застана тука. Тој отиде чекор понатаму и прогнозираше дека доколку Алегри добие отказ, многу брзо ќе пронајде нов ангажман и тоа во Фиорентина, каде што спортски директор е Фабио Паратичи.

Интересно е што двајцата во минатото не се разделија во најдобри односи, во периодот кога соработуваа во Јувентус. Сепак, Касано верува дека повторно ќе ги здружат силите.

„Ќе добие нова шанса веднаш штом го отпуштат. Знаете каде? Во Фиорентина, кај Паратичи. Ви го кажувам тоа уште сега, запомнете ги моите зборови. Не се разделија во најдобри односи, но не грижете се и Паратичи и Алегри секогаш успеваат да се извлечат. Запишете го ова, порано или подоцна Алегри ќе замине кај Паратичи во Фиренца“, порача Касано.