„Нè очекуваат два тешки меча, но ќе дадеме сè од себе за да ја израдуваме Македонија“
Македонија најпрво в петок ќе се соочи против Шкотска на гостински терен од 20.45 часот, а три дена подоцна ќе ја пречекаме Словенија во истиот термин.
Станковски вели дека ги очекуваат тешки натпревари, но ќе се потрудат да ја израдуваат Македонија.
„Нè очекуваат два тешки натпревари, се надеваме на позитивен резултат. Наша цел е секој меч да одиме на победа, ќе работиме овие два дена. Ќе дадеме 100% од себе за да ја израдуваме Македонија. Тешко е да се заборават поразите, но даваме сè од себе и најголемиот притисок е врз нас играчите, но се трудиме да извлечеме добар резултат на следните дуели“, кажа Станковски.
Македонија има четири порази во досегашниот дел од Лигата на Нации и се наоѓа на последната позиција во групата Е.