Шок во Италија: Наполи ќе му го раскине договорот на Де Брујне!?

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне би можел наскоро да го напушти италијанскиот гигант Наполи. Претседателот Аурелио Де Лаурентис ги разгледувал опциите за предвремен прекин на договорот со играчот.

Причината е пресметката со Лоренцо Лука на мечот против Порто, по што Де Брујне се скарал и со Расмус Хојлунд и капитенот Џовани Ди Лоренцо.

Де Брујне пристигна во 2025 година како слободен агент и потпиша договор до 2027 година, но би можел предвреме да ја заврши авантурата.

Белгиецот досега одигра 36 меча за Наполи, а притоа постигна девет голови и шест асистенции.