Кариус повторно се посрамоти: Со нов кикс му подари гол на противникот (ВИДЕО)

Германскиот голман Лорис Кариус направи нов голем кикс на натпреварот меѓу Шалке и Хофенхајм, при што ги потсети фудбалските фанови дека неговата лоша репутација сè уште го следи.

Сè се случи во една безопасна ситуација пред голот на Шалке. Кариус се обиде да ја организира играта и да ја распореди одбраната, но неговиот соиграч му ја врати топката, по што настана вистински хаос.

Голманот делуваше несигурно, а Фисник Аслани ја искористи ситуацијата, ја пресретна топката и постигна бизарен гол.

Фото: Facebook/FC Schalke 04