Партизан и Црвена звезда остануваат без трајни лиценци за Евролигата!

Италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“ објави дека Партизан и Црвена Звезда нема да бидат меѓу екипите кои во првиот круг ќе добијат статус на постојани членки на елитното натпреварување.

Според најавениот план, Евролигата од сезоната 2027/28 ќе се прошири од 20 на 24 екипи, а Партизан и Ц. Звезда треба да добијат специјални тригодишни покани, со кои ќе го обезбедат своето учество.

Според „Газета дело Спорт“, шест клубови се предвидени за добивање трајни лиценци, а тоа се Валенсија, Париз, Дубаи, Максима Рома, Хапоел Тел Авив и ПАОК.

Во групата на клубови кои би добиле тригодишни покани, покрај Партизан и Црвена звезда, се наоѓаат и Виртус Болоња и Наполи.

Фото: Facebook/KK Crvena zvezda