Кејн на мечот против Хрватска може да урне рекорд стар 36 години!
Кејн во моментов има 125 настапи за „Гордиот Албион“, исто колку што има и легендарниот голман Питер Шилтон.
Шилтон настапуваше за англиската репрезентација од 1970 до 1990 година, а неговиот рекорд остана недостижен повеќе од три и пол децении. Кејн го израмни на 6 октомври, во победата од 3-0 против Чешка, кога постигна и два гола.
Натпреварот меѓу Англија и Хрватска е закажан за четврток од 20:45 часот на „Вембли“ во Лондон.
Фото: Facebook/England football team