Виљареал со победа над Хетафе ги залечи раните од дебаклот против ПСЖ

Фудбалерите на Виљареал ја прекинаа лошата серија и им се вратија на победите во Ла Лига, откако вечерва го надиграа Хетафе со 2-0

Виљареал ги постигна головите во самата завршница од натпреварот, и тоа најпрво преку Буханан во 80. минута и Карлос Ромеро во судиското надополнување.

„Жолтата подморница“ со оваа победа скокна до осмата позиција и има 15 бодови, додека Хетафе е на 15. место со 12 поени.

Фото: Facebook/Villarreal CF