Нови детали од Катар: Бањаја има две скршеници по тешкиот пад! (ВИДЕО)

Франческо Бањаја доживеа тежок пад на спринт-трката во Катар, по што беше итно пренесен во болница, каде што докторите открија дека има две скршеници.

Првичните медицински прегледи покажаа дека Бањаја има скршеници на десното стапало, а од Дукати информираа дека Италијанецот ќе има дополнителни прегледи во болница во Доха, кои треба да утврдат дали ќе оди на операција.

Со ова практично заврши настапот на Бањаја на трката во Катар, а неговото учество на преостанатите трки од сезоната засега е неизвесно.