Драма во Премиер лигата: Евертон го победи Ковентри, но спорен гол го „запали“ Островот (ВИДЕО)
Гостите поведоа во 52. минута преку Гбохо, но радоста не траеше долго затоа што пет минути подоцна, Бари со удар со глава го израмни резултатот, а во 61. минута повторно се запиша меѓу стрелците и му донесе предност на Евертон.
Сепак, вториот гол на Бари предизвика револт кај фудбалерите на Ковентри. Гостите сметаа дека постоела игра со рака, а судијата гледаше и ВАР-снимка, но одлучи на крајот да го признае погодокот.
„Карамелите“ до крајот ја потврдија победата со голот на Дјуcбери-Хол и стигнаа до нови важни бодови.
Фото: Facebook/Everton Football Club