Фриц прокоцка две меч-топки, Алкараз обезбеди полуфинале во Париз
По жестока борба на теренот, Фриц го доби првиот сет против Алкараз во тај-брејк со 12-10.
Американецот продолжи со одличната игра и во следниот сет, при што имаше две меч-топки, но Алкараз успеа да се одбрани и да го сврти резултатот во своја корист (7-5).
Фриц по загубената шанса за триумф падна на психолошки план, а тоа можеше да се забележи по неговата игра, што му помогна на Шпанецот да слави со 6-3.
Алкараз во полуфинале ќе игра со победникот од мечот меѓу Руд и Боржес.
Фото: Facebook/Rolex Paris Masters