Дончиќ прв фаворит за МВП во НБА, Јокиќ – десетти
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс има фантастичен почеток на сезоната, со просек од 38,5 поени, 8,1 скок и осум асистенции по натпревар. Неговата доминација особено доаѓа до израз во последните настапи, во кои постави и историски остварување – шест натпревари во низа со најмалку 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени удари за три поени. Таква серија досега не направил ниту еден кошаркар во историјата на НБА.
Зад него се наоѓа Виктор Вембанјама, кој со своите настапи во дресот на Сан Антонио Спарс потврдува дека е еден од најдоминантните играчи во лигата. Францускиот центар има просек од 29 поени, 12,4 скока и 4,5 блокади, а дополнително го привлече вниманието со спектакуларното издание против Далас, кога постигна 52 поени, собра 24 скока и забележа осум блокади. Третото место го зазема Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити, актуелниот двократен освојувач на МВП-признанието. Неговиот учинок во досегашниот дел од сезоната изнесува 30,1 поен, 4,5 асистенции и 4,3 скока по натпревар.
Во првата петорка на кандидатите се и Тајрис Макси од Филаделфија и Џејсон Тејтум од Бостон. Особено интересно е присуството на Тејтум, кој се враќа во натпреварувачки ритам по сериозната повреда на Ахиловата тетива.
Најнепријатното изненадување во првото рангирање е Никола Јокиќ. Српскиот центар, кој досега трипати бил прогласуван за најкорисен играч во НБА, се најде на последното, десетто место. И покрај просекот од 23,4 поени, 9,7 скока и 9,3 асистенции, досегашните резултати на Денвер и неговиот индивидуален почеток не се доволни за повисока позиција.
РАНГИРАЊЕ:
Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс)
Виктор Вембањама (Сан Антонио)
Шеј Гилџес-Александер (Оклахома Сити)
Тајрис Макси (Филаделфија)
Џејсон Тејтум (Бостон)
Алперен Шенгун (Хјустон)
Стеф Кари (Голден Стејт)
Јанис Адетокумбо (Мајами)
Купер Флег (Далас)
Никола Јокиќ (Денвер)