Тиквеш и Скопје го отвораат 13. коло - кавадарчани не сакаат повторно да испуштат бодови!
Домаќините влегуваат во дуелот како фаворити, со оглед на досегашните резултати и позицијата на табелата, но за гостите ова е уште една можност да стават крај на црната серија и конечно да се израдуваат на првиот сезонски триумф.
Кавадарчани се едно од најпријатните изненадувања во досегашниот тек на првенството. По 12 одиграни средби имаат само еден пораз, а со освоени 21 бод се наоѓаат на третото место, веднаш зад водечките екипи. Единствениот неуспех го доживеаја на домашен терен против Шкендија Арачиново, но потоа следуваше серија од девет натпревари без пораз, со која Тиквеш јасно покажа дека може да се вмеша во борбата за највисок пласман.
Сосема поинаква е ситуацијата во таборот на Скопје. Тимот од Автокоманда никако не успева да фати резултатски ритам, а досегашниот биланс од осум порази и само четири освоени бода го остава на последното место. На гостувањето во Кавадарци ќе има тешка задача, особено ако се земе предвид сигурноста што ја покажува Тиквеш во последниот период.
Сепак, Скопје може да се охрабри од последната меѓусебна пресметка, во која успеа да му одземе бод на денешниот противник. Тогаш скопскиот тим имаше водство благодарение на погодокот на Антонио Божиноски и беше блиску до победа, но Тиквеш во завршницата се избори за реми. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Сила, кој беше прецизен од белата точка за конечни 1-1.
Комплетен распоред за 13. коло во ПМФЛ
Петок:
Тиквеш – Скопје (13:00 часот)
Сабота:
Струга – Шкендија (12:00 часот)
Силекс – Вардар (13:00 часот)
Недела:
Башкими – Брегалница (12:00 часот)
Арсими – Шкендија Арачиново (13:00 часот)