Американски новинар лансираше „бомба“: Вориорси размислуваат за Јокиќ!

НБА-анализичарите сè почесто го споменуваат Никола Јокиќ во контекст на можна голема размена на играчи следното лето.

Иако трикратниот МВП на лигата најави дека ќе потпише нов договор со Денвер, познатиот новинар Џејк Фишер тврди дека Голден Стејт Вориорс би можеле да се обидат да го доведат во своите редови.

Причината е од финансиска природа. Вориорс следното лето би можеле да располагаат со слободен простор во буџетот од 64 до 66,8 милиони долари, таканаречениот „селери кеп“. Тоа им отвора можност покрај Стеф Кари да доведат уште една суперѕвезда и да се обидат да ја освојат шампионската титула.

Во разговор за „SiriusXM NBA Radio“, Фишер открива дека Голден Стејт планира да тргне по неколку големи имиња кои наскоро би можеле да се најдат на трансфер-пазарот. Меѓу нив е и најдобриот центар во НБА-лигата.

„Вориорс се една од екипите кои се прашуваат: Дали сме сигурни дека Јокиќ нема да стане достапен следното лето? Се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а тука е и Стеф Кари. Како што напишав во мојот текст, цитирајќи извор близок до клубот, кој добро ја познава ситуацијата, Вориорс и понатаму веруваат дека се атрактивна дестинација“, изјави Фишер.

Американскиот новинар потсети дека Голден Стејт претходно не успеал да ги доведе Јанис Адетокумбо и Кевин Дурант, но дека во клубот и понатаму веруваат во можноста да доведат нова суперзвезда.

„Не успеаја да го доведат Јанис Адетокумбо. Кевин Дурант не сакаше да се врати пред неколку преодни рокови. Но, тие веруваат дека следното лето ќе успеат да привлечат големо име, било преку размена или преку пазарот на слободни агенти. На крајот, така пристигна и Џими Батлер, со кого сè функционираше прилично добро додека беше на теренот“, додаде Фишер.