Дитмир Хоџа го даде првенецот за Лидс! (ВИДЕО)

Maкедонскиот фудбалер, Дитмир Хоџа го постигна својот прв гол за младинскиот тим на Лидс.

Хоџа кој летово од Работнички се пресели во англискиот клуб беше стрелец во поразот на неговиот тим со 3-1 од екипата на Хартепул во националниот куп.

Од почетокот на сезоната Хоџа во сите натпреварувања за овој состав на Лидс собра 165 минути во пет настапи.