Врие во Наполи: Лука и Де Брујне се пцуеја среде натпревар (ВИДЕО)
Во центарот на вниманието се најдоа Кевин Де Брујне и Лука, кои имаа жестока расправија на теренот во завршницата од натпреварот. Инцидентот се случи 82. минута, непосредно по една неуспешна акција на Наполи.
Белгискиот фудбалер за врска му забележа на својот соиграч за движењето и реакцијата во нападот, по што Лука му возврати. Италијанскиот напаѓач, кој непосредно пред тоа влезе во игра, му се приближи на Де Брујне и му се обрати со зборовите: „Зошто зборуваш? Зошто зборуваш?“, по што следуваа и неколку жестоки реплики и пцовки.
Снимката од преносот брзо се прошири на социјалните мрежи, а коментаторите Сандро Пичинини и Масимо Амброзини не го сокрија разочарувањето од виденото. Тие оценија дека станува збор за непријатна сцена која дополнително ја потврдува нервозата во редовите на Наполи.
Поразот во Португалија беше седми за тимот во 14 официјални натпревари оваа сезона. Во Лигата на шампионите ситуацијата е особено загрижувачка, бидејќи Наполи се наоѓа на 27. позиција, надвор од зоната која води во плејофот. Дополнителна нервоза предизвикаа и изјавите по натпреварот. Матео Политано побара и други соиграчи да излезат пред медиумите и да ја преземат одговорноста, нагласувајќи дека не треба секогаш само италијанските фудбалери да ги објаснуваат неуспесите.
Ни Расмус Хојлунд не се согласи со оценката на тренерот Масимилијано Алегри дека Наполи одиграл добро во поголемиот дел од натпреварот. Данскиот напаѓач порача дека сите во клубот, од фудбалерите до тренерот и раководството, мора да преземат одговорност.