Панатинаикос го урна Реал во Мадрид по драма и продолженија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Панатинаикос остварија голема победа на гостувањето кај Реал Мадрид, откако по вистинска драма и продолженија славеа со 115-112

Двата европски гиганти одиграа фантастичен натпревар, во кој победникот беше решен во последните секунди.

Реал успеа да се спаси од пораз во регуларниот дел, откако по неколку технички грешки и промашувања на Силвијан Франциско, Фелиз погоди на 0,3 секунди пред крајот за 101-101 и продолженија.

Сепак, во дополнителните пет минути Панатинаикос покажа поголема концентрација и на крајот стигна до значаен триумф во Мадрид.

Најзаслужен за победата на грчкиот состав беше Кендрик Нан, кој одигра фантастичен натпревар и го заврши со 33 поени. Кај Реал, Абалде беше најефикасен со 23 поени.