Германците брутално го нападнаа Атлетико Мадрид: Тие се хулигани - гнасен и валкан тим!

Поранешниот германски репрезентативец, Лотар Матеус, упати жестоки критики кон екипата на Атлетико Мадрид во пресрет на нивниот утрешен натпревар против Баерн Минхен од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Тој отворено го нападна стилот на игра на „јорганџиите“, надоврзувајќи се на изјавите на Томас Милер кој претходно го окарактеризира шпанскиот состав како „кршачи на коски“.

„Атлетико се хулигани – благо кажано. Ако Милер ги нарече кршачи на коски... Валкан, гнасен тим!“, изјави Матеус.

Анализирајќи го пристапот на мадридскиот клуб, Германецот се наврати на периодот кога настапуваше во италијанското првенство заедно со актуелниот тренер на Атлетико, Диего Симеоне. Потсетувајќи се на времето кога беа соиграчи во екипите на Интер и Пиза, Матеус го опиша Симеоне како фудбалер кој играл исклучително тврдо и редовно влегувал бескомпромисно во сите физички дуели, посебно истакнувајќи го неговиот остар пристап во пресметките против аргентинската легенда Диего Марадона.

„Тој само маваше клоци. Тогаш си мислев дека имам потреба од штитници и одзади“, додаде Германецот, присетувајќи се на играчките денови на Симеоне.

Оваа изјава доаѓа како дополнително подгревање на атмосферата пред претстојниот дуел меѓу двата водечки европски клуба, каде Матеус повторно се најде во улога на стручен коментатор за случувањата во елитното натпреварување.